Nokia C7 00 - Инсталирање Nokia Suite на компјутерот

background image

Инсталирање Nokia Suite на компјутерот

Со апликацијата за компјутер Nokia Suite, можете да управувате со содржината

во телефонот и да ја одржувате синхронизирана со Вашиот компатибилен

компјутер. Исто така, можете да го ажурирате Вашиот телефон со најновиот

софтвер и да даунлоадирате мапи.

Можно е да биде потребна интернет конекција. За информации за трошоците за

податоци, контактирајте со мрежниот оператор на услуги.

Даунлоадирајте ја најновата верзија на Nokia Suite од www.nokia.com/nokiasuite

на Вашиот компјутер.

Инсталирање на Nokia Suite користејќи го телефонот

1 Поврзете го телефонот со компјутерот со компатибилен USB кабел.

Ако користите го користите оперативниот систем Windows XP или Windows

Vista на Вашиот компјутер, на уредот поставете го режимот на USB на

телефонот на Mass storage. За да го поставите USB режимот на Вашиот

телефон, лизгајте надолу од областа за известување, а потоа одберете ја

иконата >

Mass storage

.

Масовната меморија на телефонот и мемориската картичка се прикажуваат

како отстранливи дискови на компјутерот.

2 Ако прозорецот за инсталација не се отвори автоматски, во пребарувачот за

датотеки на компјутерот, најдете и отворете ја датотеката за телефонот, а

потоа кликнете двапати на датотеката за инсталирање на Nokia Suite.

3 Следете ги прикажаните упатства на компјутерот.
4 Кога инсталирањето е завршено, ако на компјутерот користите Windows XP

или Windows Vista, проверете дали USB режимот на телефонот е Nokia Suite.

За да дознаете повеќе за Nokia Suite и за да проверите со кои оперативни системи

работи Nokia Suite, одете на www.nokia.com/nokiasuite.